За нас Предложи место Фејсбук Пилено
Се што сакате да прашате а не сте знаеле каде
да се обратите за инфо!
Збор два за експертите?!
Пере Ждере
Пере Ждере
Тој знае да го намириса најдобриот бургер, да го грицне највкусниот сендвич. Секогаш спремен, со одличен предлог за најдобрите бургери, сендвичи и тостови!
Анка Вегетаријанка
Анка Вегетаријанка
"И животните живи, и ние најадени" е мотото на другарката Анка. Постојано во потрага по најновите вегетаријански специјалитети во градот.
Марио Фит
Марио Фит
Да си фит, не значи да си гладен. Да си фит е стил на живот. Персонален тренер кој ќе ти помогне да го оствариш твојот потенцијал. Предлага вкусни фит оброци за големи и мали фраери. Запознај го подобро.
Баба Љуба
Баба Љуба
Претпочита да јадеш дома, но кога веќе си решил да јадеш надвор... Тогаш јади обилна и со љубов приготвена порција. Ги знае местата што прават добра домашно приготвена храна. Баба Љуба знае најдобро.
Сашка Блашка
Сашка Блашка
Верува дека десертот е најбитниот оброк во денот. Таа е нашиот омилен експерт, кога станува збор за слатки мали задоволства.
Марко ТиMеси
Марко ТиMеси
Најдобриот заводник и експерт за пица, пецива, паста и пастрлмајлија. Спремен, во секое време, да даде препорака каде да ги пробаш неговите омилени јадења.
Ацо Грил
Ацо Грил
Експерт за свежо и добро гриловано месо. "Не е се' во пафтањето бе мали" - знае да искоментира додека си потпивнува над веселата скара.
Морнарот Климе
Морнарот Климе
Секое лето од Охрид во Скопје, контра напад со свежа риба и морски плодови. Климе знае да намириса каде се најдобрите рибни специјалитети.
john doe
2312198509
Кој ли е следниот експерт што ќе се приклучи на misejade тимот?!
Често поставувани прашања
Дали вршите достава на храна?
Агрегаторот misejade.mk не врши достава на храна, но во секоја картичка нудиме инфо дали угостителот врши достава или не.
Дали има опција за online нарачувања?
Преку misejade.mk нема начин за директна online нарачката, но за секој оброк имаме контакт телефони преку кои може да се нарача.
Дали може да го користам надвор од Скопје?
Во моментов misejade.mk препорачува оброци само од места кои се лоцирани во Скопје. Идејата е да може да се користи низ цела Република, но за ова да стане реалност ќе ни треба помош од сите вас! Препорачај ни место од твојот град овде.
На кој начин правите препорака?
Misejade.mk дава препораки за оброци од места кои се во твоја близина или вршат достава до твојата локација. Затоа, дозволи му на паметниот алгоритам да добие пристап до твојата локација.
Политика за приватност а.к.а Privacy Policy
Агрегаторот misejade.mk не ја зачувува и не ја споделува Вашата локација. Локацијата ни е потребна единствено за да ви препорачаме место кое се наоѓа во Вашата близина или место кое врши достава до Вашата локација.
Пишете ни
Секое здраво и фидбек не радува. Имате идеја или немате идеја ама сакате соработка со нас, слободно пишете ни на contact@misejade.mk или на нашата фејсбук страна во иМбокс!
Доколку не сакате Вашето мени да биде дел од оваа страна, слободно исконтактирајте не, ќе средиме ;)